-->
-->
Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Спомен-паркот во Ваташа
-->
Дваесет и четири годишен моторциклист од Кавадарци бил тешко повреден во сообраќајка кај Спомен-паркот „12 младинци“ во Моклиште кај Ваташа, Кавадаречко.
– Сообраќајната незгода се случила утринава во 1.30 часот на регионалниот пат Кавадарци – Мушов гроб, меѓу возило марка „киа“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 24-годишен кавадарчанец и моторцикл „сузуки“ со кавадаречки ознаки управуван од 24-годишникот кој бил тешко повреден, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Со тешки телесни повреди моторциклистот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга