Мјанмар ќе ослободи повеќе од 5.600 лица уапсени поради протестите
– Мјанмар ќе ослободи од затвор повеќе од 5.636 лица уапсени поради нивната улога во протестите против владејачката хунта, јави денеска државната телевизија, преку која водачот на хунтата, генерал Мин Аунг Хлаинг, изјави дека владата работи за мир и обнова на демократијата.
Амнестијата е одлучена поради хуманитарни причини, се вели во соопштението во кое илегалните опозициски групи се обвинуваат за поттикнување на немирите.
Шефот на воената хунта во Мјанмар и извршителот на превратот, Мин Аунг Хлаинг, ја бранеше улогата на неговата воена влада, за која вели дека се обидува да воспостави ред и мир, и ја обвини опозицијата за насилство.
– АСЕАН треба да го знае ова, рече генералот како одговор на одлуката на Алијансата на земјите од Југоисточна Азија да го исклучат од списокот на учесници на самитот што ќе се одржи следната недела.
Во телевизиско обраќање, водачот на државниот удар повтори дека хунтата презема чекори во процесот за враќање на демократијата, но за некои од барањата на специјалниот пратеник на АСЕАН не може да се преговара.
Ново на Сител
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел
-
Северноатлантскиот совет ги осуди последните руски хибридни закани
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори