Мизрахи: Кредибилна, непристрасна истрага и одговорност мора да има
Морална одговорност не се утврдува...
Морална одговорност не се чека...
Морална одговорност се чувствува, а ниту Венко Филипче, Зоран Заев, Артан Груби или било кој во Владата ја има... Тие не разбираат дека животите на луѓето се многу позначајни од нивните кариери.
Животите на луѓето во болницата во Тетово беа и се одговорност на државата и одговорните во здравствениот систем. Тие луѓе требаше да се лекуваат, а не да ги изгубат своите животи како последица на неодговорноста и неспособноста на власта.
Истрага мора да има, не заради тоа што власта го сака тоа, туку заради тоа што законски мора. Но истрага која ќе ја раководат Зоран Заев, Венко Филипче и Артан Груби и институциите под нивна директна контрола или влијание, нема да биде ниту објективна, ниту ќе ги даде точните и вистинските одговори.
Не може да има кредибилна истрага со веродостоен извештај се додека политичката моќ е сконцентрирана кај истите тројца луѓе кои и се најодговорни за оваа децениска трагедија и скандал која им се случи на луѓето во Тетово.
Венко Филипче, Зоран Заев и Артан Груби, како и директорот на тетовската болница, брат на министерот за финансии Фатмир Бесими, треба да ги напуштат функциите кои ги имаат, за да не ја злоупотребуваат својата политичка моќ во прикривање на вистинските причини кои предизвикаа страшна смрт на нашите луѓе и нашите сограѓани.
Знаеме дека СДСМ се кријат и бегаат под плаштот на тагата и жалењето, но не е безчуствителност да се бара одговорност, безчувствително е да се крие одговорноста.
Власта да беше спремна да утврди одговорност за доцнењето за вакцинацијата и за најголемата стапка на смртност од КОВИД во Европа можеби немаше да се случи оваа трагедија. Од тука, нема да премолчиме, зошто ако повторно ја прикриете одговорноста како за се досега, ќе направите и поголеми трагедии и поголеми скандали во иднина.
Редоследот на постапување е следен: прво, морална одговорност, второ кредибилна и непристрасна истрага, а на крај кривична одговорност. Се друго е прикривање и избегнување на вистината.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците