Митов: Бугарија со нетрпение очекува западен Балкан да стане дел од ЕУ

Бугарија со нетрпение го очекува приемот на земјите од западен Балкан во ЕУ, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов во обраќање на меѓународната конференција „ЕУ во промена на глобалното опкружување: Што е следно за соседите на Европа - Бугарската перспектива“.
- ЕУ нема да биде целосна и комплетна без нашите соседи и пријатели, истакна Митов пред присутните на собирот во Софија.
Како што јави БТА, тој нагалси дека земјите од западен Балкан треба да минат долг и тежок пати и да спроведат крупни и непопуларни реформи, па затоа мора да се мотивираат во тоа, иако е најавено дека во следните пет години нема да има проширување на Унијата.
- Потребно е поголемо присуство на Европската комисија и на дрважите-членки (на ЕУ) и поголема помош кога станува збор за експертски знаења и исксутва. Затоа треба да ги користиме регионалните формати, потенцира Митов, нагласувајќи го при тоа значењето на развојот на добрососедските односи.
На конференцијата присуствуваше и високиот преставник за надворешни политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, која нагласи дека процесот на проширување на Унијата е во постојано движење и дека Брисел им дава целосна поддршка на земјите од регинот на европскиот пат.
- Во следните четири години и неколку месеци треба да работиме со цел државите да се подготват (за членство во ЕУ), потенцира Могерини.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
