-->
-->
Митков: Важен е дуелот со Украина
-->

Ракометарите на Македонија во некомплетен состав ги почнаа подготовките за двата последни дуела од квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018. Селекторот Раул Гонзалез истакна дека овие денови ќе ги искористи за воигрување, а со А репрезентацијата тренираат и неколку младински репрезентативци. За отсуството на дел од играчите поради клупските обврски напомена дека тие нема да имаат проблем да се вклопат откако во понеделник ќе се приклучат на тимот.
- Сите во групата имаме по четири бодови. Добро е што имаме неколку дневни подготовки и важно е да одиме натпревар по натпревар. Првиот најтежок ривал сега ни е Украина, потоа ќе мислиме на Чешка со која играме на домашне терен. Со Украина на гости ќе биде тешко дека веќе постигнаа две победи пред своите навивачи (Исланд и Чешка). Ако направиме позитивен резултат ќе имаме големи шанси да освоиме едно од првите две места. Затоа е важен дуелот со Украина, а потоа пред полна сала во Скопје да постигнеме позитивен резултат и да се пласираме на ЕП во Хравтска, изјави Влатко Митков.
Дуелот Украина – Македонија е од 5.коло од групата 4 и се игра на 15.јуни во Суми, а ден порано играат Чешка и Исланд.
Во групата сите селекции имаат по 4 бодови и во моментов прва е Чешка со најдобра гола разлика (+10), Македонија е втора со (+3), Исланд е на третото место (-5), а Украина е последна со (-8).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
-

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени
-

Изборите во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на националистот Вучиќ
