-->
-->
Митко Чавков излегува од притвор
-->

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на Митко Чавков опфатен во обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 година, во Собранието, донесе решение со кое го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција во недвижен имот.
По правосилноста на решението и запишување на гаранцијата, мерката притвор треба да се укине, а заради обезбедување присуство во текот на постапката се определуваат и мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова, како и обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во судот. Обвинителството може да вложи жалба на решението на кривичниот совет, што значи дека дотогаш Чавков останува во притвор
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
-

Матичен ќе издава боледување до 5 дена, Фондот ќе проверува дали пациентот е дома
-

Стивнува епидемијата на западно-нилска треска - Двајца пациенти се уште се во критична состојба
