Митинзи против абортусот во Хрватска
Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Хрватска за да го изразат својот став против абортусот. Според нив, сè повеќе се загрозуваат репродуктивните права на граѓаните.
Демонстрантите во главниот град Загреб, од кои повеќето не носеа маски, пееја патриотски песни и носеа транспаренти на кои пишуваше „И неродените животи се важни“.
– Наша должност е да застанеме во заштита на секој човечки живот, вклучително и на неродените деца, изјави Лука Худинчец, еден од организаторите на протестот.
Различни лево ориентирани и феминистички групи се спротивставија на собирот, носејќи крвави престилки и закачалки за облека, што се однесува на нелегален абортус.
Митингот против абортусот се одржува еден ден пред локалните избори, за кои анкетите на јавното мислење му даваат предност на лево-зелениот кандидат за градоначалник на Загреб.
– Очекуваме политичарите, кои не претставуваат и на локално и на национално ниво, да го застапуваат основното човеково право – правото на живот, истакна еден од организаторите, кој се претстави како Стјепан.
Абортусот е легален во Хрватска до десетата недела од бременоста, според законот од 1978 година, кога земјата сè уште беше дел од СФРЈ. Но, се повеќе лекари одбиваат да ја извршат постапката поради морални причини или зголемен религиозен притисок.
Во 2017 година, Врховниот суд на Хрватска донесе одлука дека актуелното законодавство е застарено.
Речиси 90 отсто од 4,2 милионското население во Хрватска се католици и Црквата игра централна улога во животот на граѓаните.
Ново на Сител
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании