Мистериозна смрт: Манекенката Ивана (18) била пронајдена гола и мртва на балкон по забава
Младата манекенка Ивана Смит (18) пронајдена е мртва на балкон на шести спрат во зграда во Куала Лумпур. Медиумите пишувааат дека таа најверојатно паднала од 20. спрат по забава. Локалната полиција смртта ја третира како несреќен случај иако членовите на семејството на холандската манекенка инсистираат на истрага.
Тие не веруваат дека Ивана паднала од 20 кат.
– Пронајдена е гола. Каде и се чевлите и облеката? Веруваме дека постојат криминални елементи во нејзината смрт. Нормално дека не веруваме во приказната на полицијата бидејќи не можат да ни дадат ниту фотографија ниту извештај – изјавил член на семејството кој во целиот случај ја вклучил холандската амбасада, но и Интерпол.
Непосредно пред трагедијата соседите наводно слушнале расправија која доаѓала од станот во кој била Ивана, а според полицискиот случај во крвта на Ивана пронајдено е алкохол и екстази.
Ивана работела со бројни познати брендови меѓу кои и Шанел. Пред 13 години од Холандија се доселила во Малезија и пред нејзе била сјајна кариера која за жал ја прекинала со страшна трагедија.
Ново на Сител
-
Нетанјаху поради Иран и Газа бара одложување на рочиштето во процесот за корупција
-
Историска мисија: Астронаути од Индија, Унгарија и Полска првпат на МВС
-
Исплатени 265.720.530 денари субвенции кон 4 659 земјоделци, инвестиции од 16.041.565 во сточарството
-
Старица пријавила измама од 30 илјади евра од лице кое се претставувало како лекар
-
Мицкоски: По седум години застој градиме интерконектор за гас со Грција
-
Голем пожар во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина
-
Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години
-
Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил заради опасност од апсење