Мистериозна болест убива кучиња во Норвешка
Во текот на изминатите денови мистериозна болест уби десетици кучиња во Норвешка, а експертите се уште не знаат што ја предизвикува.
Норвешката управа за безбедност на храната извести дека околу 40 кучиња се разболеле и имале симптоми на повраќање и пролив, а потоа угинале.
Првите случаеви биле забележани во Осло, а од тогаш угинале кучиња во уште најмалку 13 други градови. Ветеринарниот институт соопшти дека не се сигурни дали причина за смртта се две бактерии пронајдени при обдукцијата на кучињата, јави Би Би Си.
По пријавените случаи во Норвешка, со слични симптоми кај ветеринар завршиле и кучиња во Шведска,
– Болеста е многу сериозна за кучињата, а ние не знаеме дали е заразна или станува збор за одделни случаи, изјави Оле Херман Тронеруд, портпарол на Управата за безбедност на храна и ги советуваше сопствениците да ги водат со ремен своите миленичиња и да избегнуваат контакт со други кучиња.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници