Мистериозен објект откриен во близина на брегот на Антарктикот
На социјалните мрежи се коментира откритието на еден од корисниците на „Гугл ерт“, кој во близина на брегот на Антарктикот открил замрзната структура која потсетува на вистински крузер.
Откритието покренало лавина коментари за тоа што всушност се крие на заледениот континент, од тајните нацистички бази, мистериозни цивилизации до вонземјани.
Сликата е објавена на еден „Јутјуб“ канал и веднаш предизвика внимание. Кога снимката била префрлена на 3Д мод, не може да се негира дека објектот наликува на голем брод.
„Јасно се забележува неговата линија. Должината на бродот е околу 120 метри и лежи далеку од брегот на Антаркиткот“, е наведено на каналот.
Поединци се убедени дека бродот завршил на оваа локација, откако заглавил на местото, за кое се смета дека потсетува на мистериозниот Бермудски триаголник.
Други веруваат дека бродот е наследство на нацистите, кои на Антарктикот изградиле тајни бази, по Втората светска војна.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје