Мистерија: Ја пронајдоа гола и мртва во резервоар за вода, никој не знае како стигнала таму

Канадската блогерка Елиса Лам на патувањето во Америка тргнала сама. Отседнала во хотелот Сесил во Лос Анџелес.
Исчезна во јануари 2013 година на возраст од 21 година. Луѓето со кои комуницирала тие денови се жалеле на нејзиното чудно однесување.
Нејзиното тело е пронајдено два месеци подоцна кога гостите од хотелот почнале да се жалат дека водата во хотелот има чудна боја и мирис.
Телото на Елиса е пронајдено на врвот од хотелот, во резервоар за вода кој бил покриен со капак, а кој не успеале да го помрднат ниту четворица мажи.


Била целосно гола, а нејзината облека лебдела покрај неа.

Мистеријата за нејзината смрт е поголема ако се земе во предвид дека во потрага по нејзиното тело месец дена пред тоа бил вклучени и кучиња трагачи кои поминале низ тоа подрачје, но не ја намирисале, а приказната станува пострашна кога се знае дека сите влезови кои водат до покривот биле затворени и можеле да ги отворат само вработените.
Според некои тврдења, девојката до врвот на хотелот можела да дојде и по скалите. Три години подоцна за околностите на нејзината смрт се уште кружат различни гласини, а целата приказна е поткрепена и со ова видео кое е објавено кратко по нејзиното исчезнување на кое се гледаат последните моменти од нејзиниот живот.
На снимката младата девојка делува како да се крие од некој, лифтот не работи, а нејзиното однесување е прилично необично. Елиса влегува во лифтот, а изгледа како да се расправа со некого иако таму нема никој.
Поради споменатото постои сомневање дека Елиса била под влијание на дрога, но наодите покажале дека во нејзиното тело нема ништо.
За нејзианта смрт кружат различни теории - некои мислат дека извршила самоубиство, други сметаат дека е убиена, а трети се уверени дека ја убил духот на озлогласениот сериски убиец Ричард Рамирез.
Тој во споменатиот хотел отседнал во 1984 и 1985м година кога убил 13 лица. Без оглед на сите теории, нејзината смрт се уште не е разјаснета.
Ново на Сител
-

Мицкоски: До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната
-

Работник ги нападнал газдите со нож поради неисплатени дневници
-

Рубио: Иран моли за договор
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
-

Утре пороен дожд, грмежи и ветер
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
