Мисијата завршена, веќе нема кому да му помага
Поранешниот американски претседател Џорџ Буш имал Паркинсонова болест, и имал лабрадор кој бил обучен да му отвори врата, да собере некои предмети или да повика помош.
Буш го добил лабрадорот Сели во јуни од непрофитната организација „ВетДогс“, и веднаш потоа на Твитер го покажа своето воодушевување.
Ковчегот со посмртните останки на поранешниот претседател на САД Џорџ Херберт Вокер Буш денеска пристигна во Вашингтон. Во претседателскиот авион со ковчегот, покрај неговите роднини, меѓу кои беше и неговиот син Џорџ В. Буш, беше и двегодишпниот лабрадор Сели.
Телото на Буш постариот сега се наоѓа во Капитол, а утре ќе биде одржана комеморација во Националната катедрала во Вашингтон.
Посмртните останки на Џорџ Буш Постариот утре попладне ќе бидат вратени во Хјустон, со истиот авион на последниот лет на „Специјалната водушна мисија 41“.
Буш ќе биде погребан во четврток во Тексас покрај неговата жена Барбара и ќерката Робин која починала од леукемија како дете.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет