Мисајловски во посета на ЦСР, произведен првиот воз за МЖ Транспорт

Македонска делегација, предводена од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски престојува во посета на НР Кина, каде денеска во компанијата ЦСР корпорејшн лтд, во градот Џуџо ќе присуствува на презентација на првиот воз произведен за потребите на Македонски железници Транспорт ад Скопје.
Со ЦСР Министерството за транспорт и врски склучи договор за набавка на шест патнички гарнитури за МЖ Транспорт.
Мисајловски, кој е придружуван од директорот на МЖ Транспорт Никола Костов на средба со менаџментот на ЦСР ќе разговараат за реализацијата на договорот со кој Македонија набавува нови четири дизел моторни и две електро моторни гарнитури.
Според најавите, испораката на првиот воз ќе биде летово, а на останатите гарнитури етапно, така што секој месец ќе пристигнува по една.
Новите патнички возови ќе имаат вкупен капацитет од 1.200 патници, што ќе покрива 60 проценти од линиите што ги одржува МЖ – Транспорт. Треба да бидат климатизирани, опремени со вакуум тоалети, да ги задоволуваат најстрогите мерки за енергетска ефикасност, да ги исполнуваат безбедносните стандарди, како и услови за превоз на лица со ограничено движење.
Набавката на возовите се врши со 25 милиони евра, дел од кредитот од Европската банка за обнова и развој наменет за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт. Со 15 милиони евра од кредитот се финансираше и купувањето 150 товарни вагони за МЖ – Транспорт, а со 10 милиони евра обновата на постоечките локомотиви и гарнитури.
„ЦСР“ е еден од најголемите светски производители на локомотиви и вагони за превоз на патници и стока. Произведува и сервисира локомотиви и вагони за патници и за товар, мотори за возила и возила за градски превоз и соодветни компоненти, а ја има произведено и првата електрична локомотива во НР Кина.
Ново на Сител
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
