Мисајловски и Лафчиски положија венец на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, каде пред 17 години загинаа 11 мировници од Армијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Сашко Лафчиски положија венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, каде пред 17 години во хеликоптерска несреќа трагично ги загубија своите животи единаесет припадници на македонската Армија враќајќи се од мировната мисија „АЛТЕА” во Босна и Херцеговина.

- Оддаваме почит на нашите загинати припадници на Армијата и на нивните семејства. Да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело, за мирот и безбедноста.
Во спомен на Тони Спасовски, Горан Ристовски, Бране Спасовски, Игор Ѓорески, Славчо Василев, Тони Давитковски, Јанко Шириќ, Александар Тасковски, Мики Ивановски, Александар Васиќ, Златко Вељаноски. Нека им е вечна слава!, објави министерот Мисајловски на неговиот фејсбук профил.
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
