-->
-->
Мирковски: Со агресивна одбрана и добра игра до успешни резултати
-->

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација од четврток ја очекуваат настапите на Европското првенство Б дивизија што се игра во Софија, Бугарија. Македонија се наоѓа во групата Д и за ривали ги има селекциите на: Украина, Португалија, Исланд, Шведска и Естонија.
Пред утрешното заминување за Софија беше одржана и прес конференција на која селектрот Владимир Мирковски истакна:
- Одработевме добри подготовки каде одигравме шест квалитетни натпревари. И тоа со домаќинот на шампионатот каде ќе играме Бугарија, Романија и Израел. Станува збор за хомогена репрезентација и сметам дека тоа е клуч на успехот. За да постигнеме добри резултати ќе мораме да бидеме пред се агресивни во одбраната, тоа е наша предност, бидејќи хендикеп ќе ни претставува „висината“.
За ривалите во првата фаза од шампионатот Мирковски изјави:
- Украина со која играме на стартот е вистинска енигма и немаме никакви информации за нив. Шведска и Естонија се селекциите кои имаат квалитет и ќе бидат незгодни ривали за сите репрезентации.
На шампионатот во Софија поради повреда добиена на последниот тренинг нема патува Роберт Стојанов, додека заменик капитенот Мартин Трсунов изјави:
- Имавме тешки подготовки. Не ветуваме пласман, но можам да кажам дека на секој натпревар ќе дадеме максимум.
Распоред на натпреварите:
6.август (четврток): Македонија – Украина (почеток 19:30 часот)
7.август (петок): Македонија – Португалија (19:30 часот)
8.август (сабота): Македонија – Исланд (17:15 часот)
9.август (недела): Македонија – Шведска (12:45 часот)
10.август (понеделник): Македонија – Естонија (17:15 часот)
Трите првопласирани селекции на шампионатот ќе се пласираат во А дивизијата. Двете први репрезентации од групите (има четири) ќе играат за пласман од 1-8.место, трето и четвртопласираните од групите ќе играат за пласман од 9-16.место, додека петто и шестопласираните ќе играат за пласман од 17-24.место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
