-->
-->
Мирен протестен собир на стечајците од рудникот „Тораница“
-->

Поранешни вработени, сега стечајци, во рудникот за олово и цинк „Тораница“ денеска одржаа мирен протест пред зградата на локалната самоуправа на општина Крива Паланка барајќи одговор кога ќе се рестартира рудникот и кога ќе им бидат остварени ветувањата за исплата на заостанатите плати.
Собирот го организираше синдикатот на работници, кој освен на локално ниво преку гранковиот синдикат побара информации во врска со стечајната постапка и од централната власт.
- Собирот беше најавен со намера да се обезбеди најрелевантна информација во врска со стечајот, поради што се обративме до градоначалникoт да ни обезбеди таква информација. Преку гранковиoт синдикат се обративме и до премиерот и надлежното министерство од причина што изминатите два месеци имавме перманентно одлагање на рочиштата на кои треба да се донесат одредени решенија за деблокирање на целата постапка, изјави Бранко Димитровски, претседател на синдикатот на работници во рудникот„Тораница“.
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, им образложи дека веќе наредната среда, 8 јуни, е закажано рочиштето за отстранување на хипотеката од имотот на рудниците, по што ќе се одржи уште едно рочиште за продажба на имотот на „Индо-минерали и метали“.
На денот на прогласување на стечај во „Тораница“, 19 ноември 2015 година во рудникот биле вработени околу 390 вработени, рудари и административни работници, кои имаат признаени евидентирани побарувања од 3,5 плати, кои според нивните кажувања, очекуваат веднаш по ретстартирањето да им бидат надоместени.
Димитровски потенцира дека протестен собир е одржан и во Пробиштип, во организација на синдикатот на вработените во рудникот „Злетово“.
- Ги координираме нашите активности кои досега паралелно се одвиваат, а за следната среда, доколку повторно дојде до одложување на рочиштето, планиран е протест во Скопје, рече Димитровски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Запален автомобилот кој го користел градоначалникот на Шутка
-

Царината поднесе кривични пријави против 9 лица: Дозволиле увоз на „Мерцедес-Мајбах“ со фалсификувани документи
-

Израел тврди дека го убиле Али Лариџани, иранскиот шеф за безбедност и „водач од сенка“
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

СДСМ ќе поднесе закони за намалување на данокот и акцизата на нафтените деривати и ДДВ за храната
-

ДУИ: Владата да донесе итни мерки
-

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, затоа е исклучен од партијата
-

Штрајк со глад пред ПС Свети Николе поради исчезнатата сопруга
