МИОА: Повик за коментари за нацрт-стратегијата за реформи во администрацијата

До крајот на месецов на веб страницата на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) www.mio.gov.mk/ можат да се достават коментари и предлози за нацрт стратегијата за реформа на јавната администрација и акцискиот план за периодот 2017-2022, со цел комплетирање на процесот на изработка на стратегијата, соопшти денеска МИОА.
Објавениот повик на веб-страницата на Министерството е проследен со соодветни линкови преку кои може да се пристапи до двата документа, како и до коментарите доставени од страна на СИГМА. Коментари и предлози може да достават граѓанските организации и сите засегнати страни.
Од МИОА укажуваат дека повикот е резултат на првата консултативна работна средба за демократски реформи на јавната администрација која се одржа на 13-ти месецов во Клубот на пратеници помеѓу претставници од Министерството за информатичко општество и администрација со граѓански организации и експерти, претставници од меѓународната заедница, синдикати и медиуми за демократски реформи во јавната администрација.
На средбата, министерот Дамјан Манчевски меѓу другото потенцираше дека за демократски промени во сите општествени сфери на живеење во Република Македонија, од клучна важност е граѓанскиот сектор, но и сите други релевантни чинители да бидат вклучени во процесот на креирање, мониторинг и евалуација на реформски приоритети.
Ново на Сител
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
-

Се одржува Галичка свадба - обичаи, традицонални носии, песни и оpа како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
-

Петровден: Cветецот кој трипати се откажа од Исус, кој беше далеку од совршен, но карпа врз која може да се изгради црквата
-

Претпладне променливо облачно со сончеви пеpиоди, попладне услови за пороен дожд и грмежи
