Минусни температури во целата држава

Утрово најниска темепература во земјава од -11 степени Целзиусови е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат со -7 степени Скопје-Петровец, Битола, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Велес, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Претор и Кавадарци и -4 степени во Охрид, Виница и Гевгелија.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот утрово изнесува 30 см на Попова Шапка и 13 см во Маврови Анови.
Утрово е студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Ново на Сител
-

ССМ ја напушти седницата на економско социјалниот совет
-

ДКСК: Финишира предметот за Цвета Ристова
-

Калиманци полна, стартува наводнителната сезона во Кочанско
-

Аерозагадувањето проблем и во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
