Министрите за надворешни работи на ЕУ утре за вакцините за Западен Балкан
По лидерите, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ утре ќе ја разгледаат можноста за ажурирање на стратегијата за поделба на вакцините против Ковид-19 со трети земји, пред сè со земјите од Западен Балкан и соседите.
Состанокот на Советот за надворешни работи почнува утре во 9:00 часот, а ќе го води шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел.
Како што е наведено во Брисел, првата точка на дневниот ред ќе биде презентирање на Борел на стратегијата на ЕУ за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 на трети земји и други напори на ЕУ да се обезбеди еднаков и фер пристап до безбедни вакцини на глобално ниво.
Министрите потоа ќе разменат мислења за неодамнешното апсење на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални по неговото враќање во Русија на 17 јануари 2021 година.
Советот, меѓу другото, ќе дискутира и за трансатлантските односи, со цел иден ангажман со новата американска администрација по инаугурацијата на Џозеф Бајден за 46 претседател на САД на 20 јануари.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%