Mинистрите Свечла и Бала разговарале за надминување на проблемот со долгото задржување на граничниот премин Морина-Вармица
Министрите за внатрешни работи на Косово и Албанија, Џелал Свечла и Таулант Бала го посетиле граничниот премин Морина-Вармица, кој се наоѓа на границата меѓу двете земји, при што разговарале за проблемот со долгото чекање и километарските колони на тој премин, со која се соочува косовската дијаспора.
Имено, деновиве, кога во Косово преку пристаништето Драч пристигнуваа илјадници иселеници се создаваат колони поради фактот што возилата со странски регистарски ознаки, со исклучок на оние со албански, треба да платат осигурување за странци при влез во Косово.
Свечла изразил политичка волја што поскоро да се стави крај на овој проблем, додавајќи дека се работи на имплементација на сите досега постигнати договори меѓу владите на двете земји.
Бала нагласи и дека мора да се најде решение за да се намали чекањето на имигрантите на границата меѓу Косово и Албанија. Тој додаде дека министрите на двете земји мора да ги почитуваат договорите што ги потпишаа премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Албин Курти.
Ново на Сител
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН