Министерството за здравство спроведе акција за чистење на Клиничкиот центар

Министерството за здравство соопшти дека во соработка со јавните претпријатија на Град Скопје, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“, денеска спроведе акција за чистење и разубавување на Клиничкиот центар.
Дополнително, како што се наведува во соопштението, во викенд-акцијата со свои работници се приклучија и општина Карпош и општина Гази Баба.
Во акцијата целосно се искосени тревниците, уредени зелените површини и поткастрени дрвјата од страна на ЈП „Паркови и зеленило“. Од страна на работниците во „Комунална хигиена“ - Скопје, општина Карпош и општина Гази Баба, комплетно во целиот комплекс на Клинички Центар се исчистени улиците и се собра ѓубрето.
ЈП „Улици и патишта“ асфалтираа цели кракови и ги пополнија најкритичните дупки на улиците.
Министерството за здравство најави дека викенд-акциите ќе продолжат и во следниот период до целосно системско решавање на проблемот со хигиената во Клинички центар „Мајка Тереза“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
