Министерство за енергетика: Објавен оглас за распределба на инвертер клими за ранливите семејства

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) објави мерка која директно го таргетира најчувствителниот сегмент од населението – ранливите потрошувачи на енергија. Со јавен оглас што стапи во сила, Министерството започнува со распределба на енергетски ефикасни инвертер клима уреди за 2025 година.
-Мерката се реализира согласно Програмата за изменување и дополнување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година („Службен весник на РСМ“ бр. 161/25). Согласно јавниот оглас за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, со цел унапредување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живеење, домаќинствата кои ги исполнуваат условите ќе се стекнат со право на купен и вграден инвертер клима-уред со моќност од 3,5 киловати и енергетска класа од најмалку А+, информираат од МЕРМС.
Овие уреди, како што се вели во соопштението, не само што штедат електрична енергија, туку обезбедуваат и висока ефикасност за греење и ладење – токму таму каде што е најпотребно.
Рокот за аплицирање е 60 дена од денот на објавувањето на огласот во дневен весник.
Повеќе информации како и потребните обрасци за аплицирање се објавени на веб-страницата на Министерството: www.energy.gov.mk .
За борбата против енергетската сиромаштија МЕРМС издвојува 170 милиони денари.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
