Министерство за економија и труд: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции

Со усвојувањето на измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите во август годинава и со дополнителните измени што ќе се финализираат до крајот на годината, се создава стабилна, јасна и транспарентна рамка која ќе овозможи поквалитетни инвестиции, отворање на нови работни места и зголемување на продуктивноста во економијата. Овие законски измени ќе придонесат кон забрзан економски раст и повисок животен стандард за граѓаните, што значи повисоки плати и пониска инфлација, порачуваат од Министерството за економија и труд.
-Нашата цел е преку новите мерки да поттикнеме инвестиции со поголема додадена вредност – инвестиции кои ќе ја развиваат производствената индустрија, ќе воведат нови технологии и иновации и ќе создаваат одржливи работни места, велат од Министерството.
Нагласуваат дека законот прецизно ги дефинира субјектите кои можат да користат финансиска поддршка – тоа се компании кои реализираат почетна инвестиција од најмалку 100.000 евра, во рамки на преработувачката индустрија. Истовремено, се исклучуваат субјектите со дејност во примарното земјоделство, шумарството и рибарството, како и оние што вршат градежни активности поврзани со изградба и продажба на станови и деловни згради, бидејќи овие сектори не се дел од класификацијата на преработувачката индустрија.
Министерството за економија и труд, како што посочуваат, има водечка улога во целата постапка – од евалуација и потпишување на договорите до следење на нивната реализација. На овој начин се обезбедува континуитет, контрола и отчетност во користењето на јавните средства.
-Со примената на законот, која започнува на 1 јануари 2026 година, се очекуваат конкретни и мерливи резултати. Министерството останува посветено на создавање предвидлива и поддржувачка бизнис-клима, во која секој инвеститор – домашен или странски – ќе има сигурност дека државата стои зад него, велат од Министерството за економија и труд.
МИА
Ново на Сител
-

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран
-

Хегсет: Трамп ќе ги диктира условите за предавање на Иран
-

Филипче: Да се намали ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната
-

Инфлација од 2,9 отсто во февруари
-

Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко
-

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
-

Метеж на бензинските, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите
-

Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите
