Министерски состанок во Солун за прекугранична соработка во контекст на миграциската криза

На иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, денеска и утре во Солун ќе се одржи средба на министрите за надворешни и вантрешни работи на Грција, Албанија, Бугарија и Република Македонија посветена на прекуграничната соработка.
Грчкото МНР соопшти дека на состанокот, како претставник на грчкото МВР ќе присуствува заменик-министерот за цивилна заштита Никос Тоскас.
На средбата ќе учествуваат и претставници на Европската комисија и на Министерството за надворешни работи на Холандија, како земја претседавач со Советот на Европската унија.
На состанокот на министрите главна тема на дискусија ќе бидат предизвиците на миграцијата и регионалната соработка.
На дневен ред на состаноците што ќе се одржат утре ќе бидат соработката во областа на граничното управување и борбата против трговијата со илегални мигранти и терористичките мрежи. Исто така, разговорите ќе се фокусираат и на хуманитарната димензија на миграцијата и ќе се истражуваат области за соработка и подобра координација за управување со бегалската и миграциската криза.
По завршувањето на состаноците планирано е да се одржи и прес-конференција.
Ново на Сител
-

Албанската министерка за Европа во официјална посета на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
-

СДСМ: Мигранти за пари во Македонија
-

ЕУ средства за прекугранична соработка за развој на турзимот
-

Бањата од римскиот период во Банско ќе добие заштитна конструкција, средствата обезбедени од ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
