-->
-->
Министерот за трговија на САД ја откажа посетата на Берлин
-->
Американскиот министер за трговија Вилбур Рос неочекувано ја откажа посетата на Германија без да даде образложение, јави дописникот на МИА од Берлин.
За посетата која што требаше да ја смри тензијата во трговската војна што ја најави претседателот Доналд Трамп според кого Германија треба да плаќа екстра царински давачки за извоз на своите производи во САД, нема закажано друг термин.
Рос во Берлин требаше да се сретне со министерката за економија Бригите Циприес и да се обрати пред економскиот совет на партијата на Меркел ЦДУ.
Во пресрет на самитот на групата најразвиени земји на светот што ќе се одржи за две недели во Хамбург, Меркел најави дека за разлика од безбедноста каде што Германија може да се потпре на САД, за трговијата и климатските промени нема разбирање меѓу двете земји затоа што Трамп има различна визија за глобализацијата од неа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена