Министерот за транспорт и врски се сретна со претседателот на УО на М-НАВ

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оствари работна средба со претседателот на Управниот одбор на М-НАВ, Николче Тасески.
На средбата, како што се наведува во соопштението се разговарало за состојбите во авиосообраќајот во Република Македонија и улогата на Македонската навигација за развој на оваа дејност.
Министерот Сугарески потенцираше дека развојот на авиосообраќајот во земјава е еден од приоритетите на Владата и токму во таа насока ќе се одвива соработката меѓу Министерството за транспорт и врски и М-НАВ.
- Политиките што ги спроведуваме како ресорно Министерство се движат во насока на развој на авиосообраќајот преку искористување на широкиот потенцијал што го има оваа дејност во Република Македонија. Директорот на М-НАВ ме информираше за состојбите и за проектите што се реализираат со опремување со нова технологија на Македонската навигација и очекуваме дека со нивната имплементација ќе доведеме до значително подобрување на ависообраќајот во земјава, рече министерот Сугарески.
Тие на средбата разговараа и за зголемување на потенцијалите на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид преку негово опремување со нова технологија од аспект на контрола и следење на сообраќајот.
На средбата и двајцата се согласија дека е потребна поголема комуникацијата меѓу двете институции за да се реализираат целите на Владата, а тоа е нудење на квалитетни услуги и раст и развој на авиосообраќајот.
Ново на Сител
-

Комисијата за финансирање и буџет го разгледува задолжувањето од 260 милиони евра, избрана најповолната понуда
-

„Спејс-Икс“ оди на берза: Чекор што може да го направи Маск прв трилионер во светот
-

Хамилтон: Се чувствувам одлично во Ферари
-

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево
-

Омерагиќ: Честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Силекс
-

Енрике за Арсенал: Во играта без топка, тие се најдобриот тим на светот
-

Сан Антонио и Њу Орлеанс ќе играат во Париз и во Манчестер
-

Унгарската владејачка партија предлага ограничување на премиерскиот мандат на осум години
