Министерот за одбрана незадоволен од пишувањето во печатот за тајните воени операции во Либија

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дриан е незадоволен од објавувањето во францускиот печат, поточно во париски „Ле Монд“ на информациите за водењето на тајни операции во Либија и сега го бара изворот на овие информации, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Како што јавија повеќе француски медиуми, министерот за одбрана откако беше објавена информација вчера во „Ле Монд“ дека Франција води тајни специјални операции во Либија против Исламска држава, имал излив на незадоволство и побарал отворање на истрага за „издавање на национална воена тајна“.
Истрагата ќе биде водена од страна на внатрешните служби за разузнавање на Министерството со цел да се утврди дали има елементи кои се под превезот на воена тајна во објавениот новинарски тескт.
Целта не е да се гони новинарката на „Ле Монд“ Натали Гуибер, туку нејзиниот извор.
Министерството било посебно иритирано од еден детал во кој се открива дека француските специјалци дозволиле локализација на ирачанинот Абу Набил, кој беше елиминиран од страна на Американците. Прашањето е дали француските служби успеале да се инфилтрираат во опкружувањео на шефот на терористите или успеале да постават диспозитив за негово следење. Во секој случај, Париз не сакаше оваа информација да излезе во јавноста.
Ова излегување во јавноста, според проценките на француските медиуми се должи на ривалството на повеќе служби присутни на теренот, од една страна војници во униформа кои се под надлежност на Центарот за специјални операции на армијата и од друга страна тајните елементи на генералната дирекција за надворешна безбедност.
Во Министерството за одбрана на Франција сакаат да го замолчат изворот без разлика од каде доаѓа, не водејќи сметка за заштита на новинарските извори. Досие кое веќе француските медиуми и новинари најавија дека внимателно ќе го следат.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Џентлменско возење на мотор за подигнување на свесноста за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
