Министерот за дијаспора Адеми се сретна со амбасадорката на Канада, Кати Чаба

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска имал средба со амбасадорката на Канада во Белград, Кати Чаба, која нерезидентно ја покрива и Република Македонија Кабинетот на Адеми соопшти дека тој и посакал успеси во извршувањето на новата амбасадорска функција во Република Македонија и динамизирање на дипломатските односи меѓу двете пријателски земји во сите области од заемен интерес.
- Канадската амбасадорка Чаба ја искористи оваа прилика во име на канадската Влада и во свое лично име да и честита на Владата и на сите граѓани на Република Македонија за постигнатиот историски договор меѓу Македонија и Грција и конечното отворање на вратите за полноправно членство на РМ во НАТО и ЕУ. Воедно, нагласи дека Македонија ќе ја има целосната поддршка од Владата на Канада во евроатлантските процеси и во сите други активности во меѓународни рамки, за коишто Канада ќе ги искористи своите дипломатски влијанија во интерес на Македонија, стои во соопштението од Кабинетот на Адеми.
Тој на средбата ја информирал Чаба за активностите кои неговиот кабинет ги презел за законската регулатива, Националната стратегија за соработка со дијаспората, нејзино поврзување со државните институци и користење на сите капацитети на дијаспората во интерес на нашата земја.
- Исто така, нагласи дека Канада како држава е многу значајна за Македонија поради големото присуство на дијаспората по потекло од Македонија, која е позитивно етаблирана и интегрирана во канадското мултикултурно и мултинационално општество, и е мост за поврзување меѓу двете наши пријателски земји, на економски план и во странските инвестициски проекти, соопшшти Кабинетот на министерот за дијаспора.
Ново на Сител
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
-

14-годишник возел мотор во спротивна насока, кога ја видел полицијата го оставил и избегал
-

Ја однел сопругата во шума, ја врзал за дрво и ја тепал со тврд предмет, уапсен 27-годишен скопјанец
