Македонија
2. March 2018 - 14:44

Министерот Салији на средба со претставниците на НАТО и ЕУ, Алваргонзалес и Поповски

 Реформските процеси кои ги спроведува Владата за интеграција на Република Македонија во НАТО и започнувањето преговорите со ЕУ, била тема на денешниот разговор на министерот за правда Билен Салији со помошник генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика – ПАСП Александро Алваргонзалес, заменик генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, Мачеј Поповски и шефот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар.

За време на состанокот со високите претставници на НАТО и на Европската комисија, како што соопшти Министерството за правда, Салији претставил дел од реформите и иницијативи на ресорното Министерство со кои се придонесува за овој важен процес за земјата и за нејзините евроатлантски аспирации.

Изразувајќи благодарност на високите европски претставници за поддршка, Салији истакнал дека е подготвен во име на институцијата што ја предводи да се исполнат барањата на ЕУ за создавање еден правен систем во согласност со европските стандарди. 

Средбата што се одржа денеска во Министерството за внатрешни работи, со претставниците и на овој оддел, се одржа во духот на соработката и подготвеноста за да се придонесе во конкретен и непосреден начин кон целиот процес на членство во НАТО и ЕУ.

Салији на средбата ги посочил конкретните иницијативи на Министерството за правда во оваа насока. Тој меѓу другото истакнал дека една од клучните реформи во изминатиот период е Стратегијата за реформа на секторот за правосудство со Акцискиот план 2017-2022, кој вклучува мерки и активности за воспоставување на независен, доверлив и професионален судски систем во Република Македонија.

Посочил и на усвоениот Закон за престанок на важењето на Законот за советот за утврдување на фактите и поведување на постапка за утврдување дисциплинска одговорност за судија.

Како други важни точки, министерот Салији ги истакнал и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, изготвувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоците, завршен е првиот дел од надзорот врз функционирањето на АКМИС системот во Основниот суд Скопје 1 Скопје, Апелациониот суд Скопје и Врховниот суд на Република Македонија, каде беше изготвен и извештај со дефинитивни заклучоци за можни злоупотреби, донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачите, во согласност со препораките на Венецијанската комисија, во процес на одобрување се наоѓа и Предлог-законот за бесплатна правна помош, кој овозможи и го унапреди правото на поединците да имаат пристап до правда и фер судска заштита, обезбедувајќи финансиска поддршка од државата, воедно, беше усвоена и Стратегијата за информатичка и комуникациска технологија во правосудството.

- Во завршна фаза се измените од областа на кривичното законодавство, измените на Кривичниот законик покриваат неколку клучни области, од кои најважни се: криминал од омраза, неказнување на жртвите, воведување на ново кривично дело „кршење на правдата", одредување на нови одредби за утврдување казни... истакнал Салији.

Мнистерот Салији ги информирал присутните дека во собраниска процедура се наоѓаат и измените на Законот за кривична постапка, со кои се уредуваат посебните истражни мерки во согласност со препораките дадени во извештаите на Прибе.