Бизнис
20. August 2015 - 8:21

Министерот Незири на средба со туристичките здруженија

Министерот за економија Беким Незири денеска ќе одржи средба со претставници на туристичките здруженија во Република Македонија.

На средбата, како што информираат од Министерството за економија, ќе се дискутира за актуелните состојби во туризмот.

Во Македонија во изминатиот период е забележителен зголемен број на странски и на домашни туристи. Како резултат на владините мерки што се реализираат во овој сектор се зголемува побарувачката и бројот на резервации во туристичките места како што се Охрид, Струга, Преспа и Дојран.