Македонија
7. March 2017 - 13:36

Министерот Лутфиу го честита 7 Март - Ден на учителот

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу на албанските наставници им го честита 7 Март - Денот на учителот, и ден на кој се одбележува и отворањето на првото албанско школо.

- Честитајќи го 7 Март на сите наставници, професори и педагози сакам да истакнам дека општеството има неизбришлив долг на благодарност кон сите оние кои се жртвуваа со цел да се заштитат вредностите на јазикот, културата, историјата и традицијата, пренесувајќи ги од генерација на генерација, се вели во денешното соопштение од Министерството за образование и наука.