-->
-->
Министерот Кучи на состанок на Советот на министри при Енергетската заедница
-->
Министерот за економија Дритон Кучи ќе учествува на 14. Состанок на Советот на министри при Енергетската заедница што денеска ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина.
На состанокот, како што соопшти Министерството за економија, ќе се разговара за проектите од заеднички интерес, имплементацијата на Договорот за основање на Енергетската заедница, имплементацијата на директивите за животна средина, како и за регионалните иницијативи и пристапувањето на Грузија кон Договорот за основање на Енергетската заедница.
Советот на министри е највисок орган на Енергетската заедница и го сочинуваат министрите надлежни за енергетика и двајца претставници на Европската унија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Невреме во кумановско
-
Протест па штрајк во Пошта
-
Преглед на вестите од светот
-
Прегласувањето во Охрид тече непречено
-
Мирна атмосфера на денешното прегласување во општините Долнени и Крушево
-
Вработените во Пошта во штрајк од јуни
-
Ацевски: Степенот на имплементација на целите за одржлив развој во националната рамка е задоволителен
-
Семејното насилство во галопирачки пораст