Министерката за култура нема да побара разрешување на Валмир Азири
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска засега нема да побара разрешување на државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири кој најави кршење на раце и на нозе на тие кои ќе ги понижат Албанците.
Пратеникот Антонијо Милошоски кој во избришаниот статус на Азири беше квалификуван како „антиалбанец“ ја праша министерката: „Дали вие сметате дека е упатно да предложите разрешување на Валмир Азири поради употреба на говор на омраза“.
„Јас не го оправдувам насилството. Против него поднесовте пријава и доколку според извештајот од надлежните органи кои треба да постапат по вашата пријава се утврди кривично дело, според истото ќе биде донесено соодветно решение“, одговори Костадиновска Стојчевска.
Од одговорот не беше задоволен пратеникот Милошоски. Тој посочи дека поради Азири, губи Министерството за култура.
„Кога државен секретар во Министерство за култура каде очекуваме луѓето да бидат поплеменити јавно пишува на кршење на раце и нозе на сите кои тој смета дека не размислуваат како него или соодветно, сметам дека Министерството за култура губи на репутација со еден таков човек во своите редови. Ако вие предложите разрешување кое може да не биде прифатено, вие ќе добиете повеќе на репутација. Ако вие штитите човек кој јавно повикува на говор на омраза, вие вашето министерството и Владата губи на репутација. И наместо да се превенира поткупувањето на говорот на омраза ќе се стане пасивен поттикнувач. Овој човек нема да ви помогне во културата“, додаде Милошоски.
Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири. Ваквиот чекор доаѓа откако Азири на социјалните мрежи напиша па избриша: „Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците“, и додаде емотикон со тупаница.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп