Министерката Шахпаска во работна посета на Албанија
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска од денеска престојува во дводневна работна посета на Албанија, во чии рамки ќе има билатерална средба со албанската министерка за здравство и социјални прашања Огрета Манастирлиу.
Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Шахпаска за време на престојот во Тирана ќе учествува и на седмиот по ред Тирански форум за поврзување.
Оваа година на Тиранскиот форум за поврзување, кој се одржува под мотото „Заедно градиме подобар Балкан“, ќе се дискутира за Економскиот и инвестициски план на Европската Унија за земјите од Западнот Балкан.
Министерката Шахпаска ќе учествува на панел дискусијата насловена „Што има за младите во Економско инвестицискиот план за Западен Балкан“, каде ќе ги презентира искуствата на земјава во дизајнирањето и имплементирањето на политики насочени кон подобра интеграција на младите на пазарот на труд, а особено ќе се осврне на нашите искуства како прва држава од регионот која ја воспостави и ја спроведува „Младинската гаранција“, по примерот и моделот развиен и применет во земјите од Европската унија.
Во панел дискусијата, покрај министерката Шахпаска, меѓу останатите ќе учествува и поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни прашања и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини,.
Овогодишниот Форум во Тирана е дел од официјалниот календар на настани во рамки на словенечкото претседателство со Европската Унија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада, продолжуваме да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница
-

ССМ: Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите
-

52-годишен скопјанец ја претепал партнерката која била во вториот месец од бременоста
-

При претрес во Кавадарци и Велес пронајдена дрога уапсени три лица
-

Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
-

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата
-

Трагедија во Србија: Загина поранешна тенисерка во тешка сообраќајка
-

Претрес во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени четири лица
