Министерката Мизрахи го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци
Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје. На средбата со директорот Фатмир Ејупи и вработените во институцијата, министерката се запозна со сите проблеми и предизвици со кои Заводот се соочува во обезбедување на дневно и интернатско згрижување на лица со умерени и тешки пречки во интелектуалниот развој, информира министерството за труд и социјална политика.
Директорот Ејупи ја информираше министерката дека во Заводот моментално има 68 корисници кои ги користат услугите на Заводот, но истиот се соочува со недостаток на персонал кои му се потребни за непречено функционирање на институцијата. Дополнително министерката го посети и делот од Заводот за рехабилитација каде што корисниците на Заводот ги оспособуваат лицата за занает во областа на столарските работи и креативните занаетчиски работи.
-Поддршката за Заводот мора да продолжи и тоа со зголемен интензитет, не само вербално туку и со финансиски средства. Тие вршат толку благородна работа што поддршката не смее да запре ни во еден момент. Среќна сум како вработените си ја извршуваат својата работа и што ги оспособуваат лицата со попреченост да бидат корисни граѓани и да самостојно работат, вели Мизрахи.
Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје, установа која обезбедува дневно и интернатско згрижување, опсервација, рехабилитационо – корективен третман, воспитание, образование, работно оспособување и работна окупација, спортско – рекреативен и културно забавен живот и здравствена заштита на лица со умерено и тешки пречки во интелектуалниот развој.
Ново на Сител
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница