Министерката Арсовска-Томовска се сретна со претставници од ИКТ комората при ССК

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска денеска одржа работен состанок со претставници од ИКТ-комората при Сојузот на стопански комори (ССК).
Претседателот на ИКТ-комората при ССК, Саша Огненовски, како што соопшти МИОА, ги поздравил активностите на Министерството за системскиот приод кон зголемување на обемот на работна сила во ИКТ индустријата.
На состанокот станало збор и за тековните и идните проекти на Министерството, меѓу кои и оние кои се однесуваат на развојот на електронски услуги за граѓаните. Се разговарало и за потребата од дополнителна поддршка на Владата кон развојот на домашната ИКТ индустрија, во вид на даночни ослободувања и обуки.
Двајцата соговорници, како што наведува МИОА, изразиле задоволство од досегашната соработка и се согласиле дека таа ќе продолжи и во иднина.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
