Минималната плата од март 18.000 денари
Владата предводена од СДСМ одново докажа дека силно го вреднува трудот на работниците и остана доследна на заложбата за повисока минимална плата.
Постигнат е договор преку Економско социјалниот совет, од мартовската плата, како што ветивме, минимална плата ќе изнесува 18.000 денари.
80.000 работници ќе добиваат повисока нето плата за околу 45 евра.
За неполни пет години минималната плата ја зголемивме двојно, односно од 9.000 на 18.000 денари.
Владата предводена од СДСМ ќе ги субвенционира придонесите од разликата од покачувањето, до крајот на годината.
Со ова решение им излегуваме в пресрет и на граѓаните и на стопанството, бидејќи е важно да имаме задоволни и мотивирани работници но и силно стопанство кое ќе придонесе за поголем економски раст.
Продолжуваме да обезбедуваме повисоки плати и повеќе пари во семејните буџети и повисок животен стандард за граѓаните.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
6 лица примени во болница по вчерашните пожари
-
ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и идентитетот
-
Димитриевски: Сакаме во ЕУ но како Македонци
-
Јавниот линиски општински превоз се поатрактивен за штипјани
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице