Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се кохезивна група во Собранието
Постојат крила во владејачките партии, во владејачката партија ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се кохезивна група во Собранието, истакна пратеникот и висок функционер на оваа партија Антонио Милошоски коментирајќи ги изјавите на функционери од власта дека во партијата постојат струи и крила кои би гласале за уставните измени.
-Ние единствено што гледаме е дека постојат крила во владејачките партии, во владејачката партија ДУИ. Очигледна е на јавната сцена. Имаме речиси секојдневни коментари, реплики, препукувања на едното со другото крило во ДУИ. Меѓусебно се обвинуваат за непотизам, висока корупција, притисоци, закани и слично. ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се кохезивна група во Собранието. Освен јавните изјави кои ги даваме преку медиумите и меѓусебните реплики, во моментов нема ниту формална ниту позадинска комуникација на власта со опозицијата. Власта со арогантното однесување кон нашите два предлози дадени на лидерската средба и немањето желба нив сериозно да ги разгледа, ги сруши мостовите за комуникација, рече Милошоски на Дневникот на Сител телевизија.
Тој потенцира дека во овој момент нема ниту поединечна, ниту официјална, ниту дискретна комуникација на власта со опозицијата, затоа што, како што рече, нема потреба. Милошоски нагласи дека излез од оваа кризна, политичка, економска, инфлаторна ситуација е што поскоро да се оди на избори.
На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ има комуникација со струи во ДУИ, СДСМ, со Движењето на Максим Димитриевски и Никола Димитров, тој рече дека неговата партија во моментов има комуникација со своите коалициски партнери од Коалицијата за „Обнова на Македонија“ и со опозициските партии на Албанците – Беса и Алтернатива, за која сметаат дека таа комуникација е доволна.
Ново на Сител
-

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур
-

Од силен ветер падна парче лим од покрив на зграда во центарот на Куманово
-

На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и еден тон тутун
-

Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
-

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура
-

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим
-

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
-

Фаустин-Арчанг Туадера се кандидира за трет претседателски мандат на изборите во ЦАР
