Милошоски: Уставните судии блиски на СДСМ во 2016 година тврдеа дека членот 11 постои
Четворица уставни судии од 2016 година, а кои се блиски до СДСМ во издвоено мислење со укинувањето на измените од 2009 година, тврдеа дека се враќа во членот 11 од Законот за помилување.
- Дали уставниот судија Сали Мурати во 2016 година бил во право кога тврдел дека се враќа во сила правото на претседателот да помилува или сега како претседател на Уставниот суд кога го тврди спротивното. Независно дали Законодавно-правната комисија донесе автентично толкување или не за членот 11, ниту Собранието ниту министерството за правда не може да му ги одземе надлежностите на Уставниот суд и да му каже како да одлучува, но за да нема дилеми наша препорака е Уставниот суд да побара помошно мислење од Венецијанска комисија - вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
И понатаму тврди дека власта во последен момент се решила да нема автентично толкување бидејки автентичните толкувања имаат сила на закон и важат од моментот на носење на членот на кој се однесуваат.
Во овој случај, според Милошоски, ќе значело дека член 11 не постоел од 1993 година што ќе значи дека аболицијата на премиерот Зоран Заев за Глобал не важи.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено