Милошоски: Кукавички поставена бомба во куќата на мојот татко, со цел да ги убие или рани моите родители

После избориве, криминално-политичкото подземје кое се инспирира од “бомбите на мадатарот за Живот”, почна да поставува вистински бомби со закани по живот кон неистомислениците!, напиша на својот ФБ профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
• Вчера вечер во с. Ижиште, околу 22 часот, екипи на МВР крим техника од М.Брод, Прилеп и анти-тероризам од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на Татко ми, кукавички поставена со цел да ги убие или рани моите родители. Имале среќа и Божја рака врз нив, и Татко ми и Мајка ми, што не турнале посилно кога отварале, а откако тој видел за што се работи, уредно пријавил. Очекувам сторителите да бидат пронајдени од надлежните органи.
• Заканата кон Татко ми ја сметам за индиректна закана и притисок кон мене, поврзана со мојата политичка активност и мислење. Но, нема потклекнување, ниту повлекување. Борбата, со демократија, со говор, со став, со патриотизам за Татковината, ќе продолжи со несмален ентузијазам!
А за крими-политичкото подземје, една порака, не бидете удбашки кукавици, оставете ги на мира нашите стари, нашите жени и деца!
Да живее Македонија!
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
