Милошоски: Кога има скандал со фантом фирми, фантом вакцини има и список со фантом пасоши
Во денешната изјава од Штип пратеникот Антонијо Милошоски го коментираше објавувањето на списокот од страна на Каракачанов за оние функционери кои што наводно имаат Бугарско државјанство каде што истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се граѓани само на Република Македонија, а објавувањето на списокот е слаб обид да се дефокусира вниманието од коруптивната афера за набавка на вакцини преку фантомска фирма.
„Краток е нашиот коментар пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се граѓани на Република Македонија и само на Република Македонија но кога има скандал за фантом фирми фантом вакцини има и список за фантом пасоши. Сметаме дека ова е еден слаб обид да се дефокусира вниманието од коруптивната афера за набавка на вакцини преку фантомска фирма која што има само тројца вработени а требало да направи една голема милионска траансакција каде што веројатно министерството за здравство и премиерот сакале да направат профит наместо да обезбедат вакцинирање за граѓаните на Македонија“ нагласи Милошоски.
Антонијо Милошоски истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат само и само македонски пасош и гласаат во Република Македонија што им претставува особена чест и задоволство, и истото можат да го докажат.
„Јас повторно ќе кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ пратениците имаат само и само Македонски пасош и гласаат во Република Македонија и тоа ни претставува особена чест и задоволство. Секој може тоа да го докаже“ истакна Милошоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал
-
Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената