-->
-->
Милошоски: Кандидатите за уставни судии треба да се претстават пред Собранието
-->

Милошоски потенцираше дека се чувствуваат како хендикепирани бидејќи како што рече само еден од пратениците од на вчерашната собраниска комисија кажал позитивно мислење за кандидатот, и токму поради тоа треба истите кандидати да можат да се претстават пред пратениците, но и пред јавноста.
Еве за вчерашниот кандидат Фатмир Скендер, јас прашав некои и од пратениците за време на паузата, ретко кој од пратениците го познава овој човек, не го познавам ни јас. Ја прочитавме биографијата, но не го знаеме, и сега гласаме за или против да биде уставен судија, а не го познаваме лично, а ниту пак сме му овозможиле лично да се претстави пред пратениците, а со тоа и пред новинарите и пред граѓаните. И затоа сметам дека власта овој процес на селекција на избор на уставни судии го води со ваков хендикеп за гласање за луѓе за кои што малку од нив знаат кој е човекот, изјави тој.
Само еден пратеник стана да каже позитивно мислење за него, само пратеникот од турската партија, ниту еден друг пратеник не го познава Скендер, и токму затоа се чувствуваме хендикепирани како да гласаме за него и не ни е јасно зошто владејачкото мнозинство не се согласува да одвоиме два часа во кои што овие кандидати за уставни судии би имале можност да се претстават, додаде Милошоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари