Mилошоски го пријави во полиција Азири кој се закани со физичко насилство
Пратеникот Антонијо Милошоски во моментов се наоѓа во полициската станица Центар во Скопје, каде пред надлежен началник го пријавува функционерот на ДУИ Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура за синоќа искажаните закани со физичко насилство кон Милошоски кои воедно се и говор на омраза, дознава МКД.мк. Азири синоќа предку Фејсбук повика на физичко насилство против Милошоски, со нанесување на телесни повреди.
Според тоа што го дознаваме, кривичното дело може да се дефинира според член 394 – г од Кривичниот законик.
Инаку, Азири го избришал својот пост, но е веќе пренесен од многу медиуми, а воедно, МВР може со офоцијално барање упатено до Фејсбук (Мета) преку ајпи адреса да го добие постот како материјален доказ.
Aзири од својот Фејсбук како реакција на вчерашниот инцидент во Собранието на Македонија, кога претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми кон опозицијата фрлаше предмети, порача: „Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците.
Ново на Сител
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија
-
WhatsApp воведува нова корисна промена