Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено

Јавноста може да биде спокојна и мирна, темата мигранти и азиланти е манипулативна политичка тема, порача потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски.
-До Македонија нема стигнато било какво барање или било каква тема не е наметната од Британија на тема мигранти, и дури кога би стигнало категорично би било отфрлено. Јавноста може да биде спокојна и мирна, темата мигранти е манипулативна политичка тема, истакна Милошоски.
Тој нагласи дека Македонија и Велика Британија имаат потпишано договор за инвестиции, соработка и проекти, без никаква обврска поврзана со мигранти.
-Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка, за проекти, и нема ниту од една страна наметнато тема којашто опфаќа мигранти. Тема е којашто полесно може да се манипулира, и мислам дека кај СДСМ особено кај претседателот на СДСМ, Венко Филипче темата мигранти има двојна улога. Тој како претседател на СДСМ, се соочува со свои партиски мигранти коишто бегаат во други политички опции, затоа што гледаат дека СДСМ ја губи влијателноста којашто ја имала пред 5 или 10 години, и сега го советуваат дека оваа тема можеби треба да ја искористи за покривање, рече Милошоски.
Тој информираше дека бројот на азиланти кои што имаат добиено статус на бегалци во Македонија е 14 лица од кои девет се државјани на Косово, три на Конго и две на Сирија.
На прашањето зошто Владата не ги демантирала објавите во британските медиуми, Милошоски посочи дека самата изјава на премерот во која тој тврди дека такво нешто нема има доволна тежина и е доволен демант.
МИА
Ново на Сител
-

Градот на солидарноста ги мами погледите на странските туристи
-

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
-

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави Арагчи
-

Земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, најмалку 20 загинати
-

Сончево со услови за локален пороен дожд и грмежи
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
