Милошевски најави дека ќе се залага за подобар живот на социјално ранливите категории граѓани на Охрид

Грижата, солидарноста и хуманоста за нашите сограѓани е насочена кон обезбедување достоинствен живот. Охрид мора да биде град на еднакви можности и шанси за сите, град на нови дела за напредок и убаво место за живеење, порача денеска Митре Милошевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид.
Милошевски најави нови проекти за Охрид, како изградба на социјални станови, со цел решавање на станбеното прашање на најзагрозените социјални случаи, семејствата со социјален ризик, како и граѓани кои заради временски непогоди или несреќен случај го изгубиле својот дом.
Тој рече дека лично ќе се заложи за проширување на меморандумот за соработка со Општата болница, со цел доделување еднократна парична помош за секое прво родено дете – шест илјади денари, второ родено девет илјади денари, трето родено – 12 илјади денари, четврто – 15 илјади денари.
Милошевски уште најави изградба на патеки за слепи лица како предуслов за обезбедување на самостојно живеење и непречено движење на слепите лица, потоа можност за субвенционирање на граѓани со над 50 години при само-вработување во социјални активности.
– Целта е поврзување на двете категории граѓани, едната повозрасната категорија граѓани и онаа категорија граѓани кои се во состојба на социјално-заштитна потреба и имаат потреба од услуги од типот чување на деца и на стари изнемоштени луѓе. Нашите заложби со новата локална самоуправа ќе бидат намалување на зависноста на граѓаните од волјата на поединци во институциите. Мерките мора да функционираат за заштита или превенција од длабока сиромаштија и од наталожување од социјални ризици кај граѓаните, рече Милошевски.
Ново на Сител
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
-

Светски ден на контрацепција: Современа контрацепција користат само 14% од младите жени
-

Мбапе ја напушти репрезентацијата и се врати во Мадрид
-

Хакерска група тврди дека има медицински картони на илјадници агенти на ФБИ
-

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија
