-->
-->
Милионска кражба во Скопје
-->

Вчера околу 21.15 часот во Скопје, на ул. „Груица Војвода“, во куќата сопственост на И.Е. (29) непознати сторители извршиле тешка кражба. Сторителите насилно влегле преку балконската врата на приземјето, извршиле пребарување и претурање по просториите, при што во спалната соба пронашоле и одзеле метална каса во кој имало пари во вредност од околу 600.000 денари, повеќе златни лири вредни околу 1.800.000 денари, разновиден златен накит во вредност од околу 2.100.000 денари и два рачни часовници. На тој начин сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.780.000 денари. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
