Милевски: Да се напушти моделот на институционална и да се почне со функционална децентрализација
Владата изминативе две и пол години јасно ја препозна улогата на локалните власти во демократскиот и економскиот развој на државата и во процесите на интегрирање на земјата во ЕУ. Ова е година на интензивен дијалог меѓу локалната и централната власт, за создавање услови за продлабочување на децентрализацијата на власта, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, во рамките на Седница на Заедничкиот консултативен комитет на региони на Европската комисија.
Милевски додаде дека процесот на децентрализација кај нас го нема достигнато нивото на избалансираност меѓу надлежностите и средствата и тоа се одразува на работењето на општините, појаснувајќии оти е потребно поголемо ангажирање на локалните власти за прибирање на сопствените даноци, такси и порационалното трошење на јавните средства.
Преговорите за членство во Европската Унија, како што додаде министерот, уште се најголемата надеж за градење на модерна, демократска држава, што ќе се интегрира во Европското семејство, врз основа на европските вредности за правда, демократија и добро управување.
– Ние не се откажуваме. Големо охрабрување е нашето сега веќе извесно членство во НАТО, особено по Самитот во Лондон каде што нашите претставници седнаа на иста маса со сите други земји, членки на Алијансата, рече Милевски.
Според министерот, сега кога Владата го отворила прашањето за трансфер на нови надлежности и ресурси, приоритет е финансиското консолидирање на општините и продолжување понатаму врз основа на принципот на Европската повелба за локална самоуправа-трансферот на надлежности соодветно да биде следен со финансиски средства.
– Нашите помали и руралните општини немаат доволен фискален капацитет. Изразено во бројки, приходите на руралните општини изнесуваат само 14,22 отсто од вкупните приходи на сите општини во 2017 година. Време да се напушти моделот на институционална и да се отпочне со функционална децентрализација, истакна Милевски.
Како што додаде Милевски, Министерството за локална самоуправа континуирано работи и на поттикнување на развојот на општините преку кофинансирање на проекти.
– Оваа година со околу седум милиони евра се финансирани 117 проекти за изградба на локална инфраструктура, како што се локални патишта, пешачки и велосипедски патеки, улично осветлување, уредување на јавни површини, реконструкција на градски пазари, изградба на детски градинки, обезбедување на енергетска ефикасност на јавни објекти, инфраструктура за алтернативен туризам, додаде министерот.
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф