Балкан
7. April 2017 - 13:54

Миленко остана без најмилите: Децата ќе ги исплачам и погребам, а потоа ќе жалам до крајот на животот

Миленко Петровиќ, несреќниот татко на настраданата Маријана Селаковиќ (38) која во вторникот вечерта со сопругот (36) и единствениот син Александар настрадаа во страшната сообраќајна несреќа на магистралата низ Шливовица под Златибор за Ало кажал како во вторникот вечерта дознал за смртта на ќерката, зетот и внукот која подоцна подлегнал на повредите.

- Децата ќе ги исплачам, погребам, а потоа ќе жалам до крајот на животот - вели за Ало Миленко Петровиќ.

Семејството Селаковиќ настрадало на неколку километри од својата куќа кога во нивната Корса се забило Ауди А3 кое доаѓало од Ужице.

- Синот ми се јави да ме праша каква несреќа се случила недалеку од нашата куќа, другар  му се јавил и му кажал дека има страшна несреќа кај Шливовица и дека чекаат колони возила. Знаев дека  ќерката, зетот и внуката тргнаа кон Чајетина - низ солзи раскажал Миленко.

Веднаш завртел на ќерката, па на зетот, но никој не се јавувал. Роднините од Чајетина кажале дека се уште не стигнале.

- Се јавив на тетката на Милан, Станка кај која живееа, ми рече дека заминале одамна. Се ми беше јасно, набрзо и потврдено дека ќерката и зетот се мртви а внукот пренесен во болница. Се јавив на мој пријател, хирург, кој се воспостави дека таа ноќ беше дежурен. Ми рече: "Миленко, зар е твојот внук? Пријателе, немам ништо добро да ти кажам" - кажал Петровиќ.

По неколку минути го побарале сопругата, синот, роднини, но не сакал да се јавува. По одредено време се јавил.

- Им реков дека сите се мртви. Ги изгубив најмилите, ни криви ни должни, но не можам да обвинуван никој. Една гранка ми оддомија и никогаш нема да ја преболам.

Погребот на семејството Селаковиќ ќе биде одржан утре во селото Кремна, од каде што е Милан по потелко.

Инаку Воислав Старчевиќ (39) од Ужице, возач на аудито кои се судрило со корсата во кое загинало семејството Селаковиќ, бил под дејство на алкохол. Утврдено е дека имал 1,33 промили алкохол во крвта, со кривична пријава се обвинува за предизвикување на собраќајната несреќа поради тоа што на влегувањето во кривината, низ полна линија се обидел да премине тојота која бил пред него. Се судрил директно во корсата која била на левата коловозна лента.

Милан Селаковиќ возел според пропишаните прописи, но не успеал да го избегне сударот и да се спаси себеси и својата фамилија. Обвинителството ќе предложи притвор против Стачевиќ кој поради повредите се наоѓа на Клиниката во Белград.