Loading Video...
Кошарка
21. April 2021 - 13:40

Милано и Ефес поведо во дуелите со Баерн и Реал

Во кошаркарската Евролига се одиграа првите средби од четвртфиналето во плејофот. 
 
Екипите на Армани Милано и Анадолу Ефес поведоа со 1-0 во победи во дуелите против Баерн Минхен и Реал Мадрид. 
 
На дуелот во Милано гостите од Берлин прокоцкаа и 19 поени предност. Иако беа блиску до триум и на 1,2.секунди до крајот, сепак, примија кош од аут. По асистенција на Дилејни, Зах Ледај го постигна победничкиот кош за „манекедните“ кои со конечни 79:78 стгнаа до првата победа во серијата подобар до три. 
 
Во Истанбул, Анадолу Ефес го „демолира“ Реал во вториот дел откако првиот заврши со само четири поени предност за домаќините, на крајот туркиот тим славеше со убедливи 90-63. 
 
Веќе утре повторно во Милано и Истанбул ќе се играат вторите натпревари, по што серијата се сели во Минхен и Мадрид.
 
Денеска на програмата се првите дуели во Москва каде ЦСКА го пречекува Фенербахче, односно Барселона каде гостува рускиот Зенит.