Милан уште долго ќе ја сонува „ерата“ на Берлускони
Нова катастрофа на некогашниот италијански шампион Милан во италијансккото калчо. Овој пат росонерите доживеаја вистинско понижување на гостувањето кај Аталанта каде загубија со високи 5-0. Тимот од Бергамо доминираше уривајќи ги надежите на навивачите на „росонерите“ дека под Стефано Пиоли ќе има резултати кои доликуваат на тим со репутацијата на Милан.
Резултатот во Бергамо беше отворен уште во 10-тата минута, кога капитенот Алехандро „Папу“ Гомез ја посрамоти одбраната на „росонерите“ за водство на Аталанта, а во првите 45 минути домашниот тим доминираше и Милан имаше среќа што не прими уште голови.
Во второто полувреме се урна надежта дека гостите можат да направат нешто повеќе. Поранешниот „росонер“, Марио Пашалиќ успеа да го измами Џиџи Донарума во 61. минута, за само две минути подоцна Јосип Иличиќ да погоди од далеку за 3:0. Иличиќ не застана и во 72. минута со уште поубав гол да зголеми на 4:0, пред Луис Муриел во 84. минута стави сол на раните на гостите со нов гол за „петарда“ против големиот ривал.
По 17. кола, Аталанта е на петтото место на табелата со 31 поен, четири помалку од Рома, додека Милан е само на 10. место со 21 поен и со минимални шанси да избори европски фудбал следната сезона.
Ново на Сител
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател